вторник, 6. декември 2022. Вести денес: 147
Во живо

Свечена конференција по повод 25 години ОК на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорче Петров

home Општини

Клиничката болница во Штип цел ден без греење, пациентите и докторите смрзнуваат

Клиничката болница во Штип цел ден без греење, пациентите и докторите смрзнуваат

Клиничката болница во Штип цел ден е без греење. Пациентите и персоналот се смрзнуваат, а нафта за парното нема, иако на вработените им било ветено дека ќе добијат попладнево, пренесува Макфакс.

Вработени во болницата за „Макфакс“ велат дека од утрово парното не работи и дека од дома носеле греалки за да се стоплат. Велат дека болницата е полна со пациенти кои се покриваат со кебиња и јакни за да се стоплат.

„Ни рекоа дека во 17 часот ќе има нафта, но греење нема уште. Од дома носиме греалки, но поради преотповареност, бушоните пукаат. Цел ден менуваме бушони“, сведочат вработени во штипската болница.

Qatar 2022