сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 63
home Општини

Китански: Ниту едно ветување на СДСМ во Пехчево не е реализирано, време е неработниците да си заминат

Китански: Ниту едно ветување на СДСМ во Пехчево не е реализирано, време е неработниците да си заминат

Пехчево четири години стагнира. Од СДСМ ветуваа развој, а донесоа неизвесност и неработа. Од СДСМ ветија регулација на дел од речното корито на пехчевска река, но не остварија. Не само што не е направена регулација, туку не е ниту почната, истакна Александар Китански, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Пехчево.

-Толку се неработници што ги мрзи и не знаат ниту еден парк да направат. Од СДСМ ветија и не реализираа уредување на просторот во близина на Здравствениот дом во Пехчево и негова намена во градски парк со потребни содржини и урбана опрема. Нема ништо ниту од регионалниот центар – Дом за стари лица кој требаше да биде направен во Пехчево. Од СДСМ исто така ветија и не направија градска капела во Пехчево, рече Китански и додаде:

„Ниту едно од главните ветувања на кое се темелеше доаѓањето на власт на СДСМ во Пехчево не е реализирано. Време е неработниците да си заминат од позиција. Време е за одговорен и чесен пристап. Време е за многу работа и развој на Пехчево. ВМРО-ДПМНЕ има концепт за развој и понуда која ќе ја презентираме пред граѓаните. Време е за Македонија за сите луѓе!“.

Коронавирус