среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 181
home Општини

Кирил Пецаков положи цвеќе пред спомениците на македонсктие предци и упати честитка по повод денешниот празник (ФОТО)

Кирил Пецаков положи цвеќе пред спомениците на македонсктие предци и упати честитка по повод денешниот празник (ФОТО)

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Охрид, Кирил Пецаков денеска положи цвеќе пред спомениците на македонските предци по повод празникот 11 Октомври.

Тој упати и честитка за денешниот празник која ви ја пренесуваме во целост:

„11 Октомври – Ден на народното востание на македонскиот народ е поука и аманет за сите Македонци за нашето постоење низ времето.
Оруженото востание против фашистичкиот окупатор го симболизира непокорот на македонскиот народ и вечниот стремеж за слобода.
Охрид и Македонија се нашата одговорност со цел подобра иднина за сите!
Честит 11 Октомври!
Да живее Република Македонија!“

Локални избори 2021