петок, 18. септември 2020. Вести денес: 133
home Општини

Кичево денеска ќе биде без вода за пиење

Кичево денеска ќе биде без вода за пиење

Во градот Кичево денеска корисниците на вода за пиење претежно во централното градско подрачје од 8 до 14 часот ќе бидат без вода за пиење, информираат од JКП „Комуналец“ што стопанисува со водоснабдувањето во оваа општина.

Прекините ќе бидат на булевар „Oслободување“ и тоа во делот од обиколницата на автопатот Охрид-Скопје до обиколницата кај бензинската пумпа „Пучко Петрол“, потоа улиците „11 Септември“, „4 Јули“ и улицата „11 Декември“.

– До овој прекин ќе дојде поради остранување на поголем дефект на еден од вентилите на главниот цевковод во овој дел на градот, објаснуваат од кичевски „Комуналец“. (MИА)

Коронавирус