понеделник, 6. јули 2020. Вести денес: 53
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Општини

Казни за 40 лица кои не носеле заштитни маски во тетовско

Казни за 40 лица кои не носеле заштитни маски во тетовско

Тетовската полиција продолжува со издавањето повеќе десетици прекршочни платни налози за неносење заштитни маски согласно владината уредба за превенција од ширење на коронавирусот.

-Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи – Тетово за периодот 28 и 29 мај за неносеање заштитни маски на вкупно 40 физички лица изготвени им се прекршочни платни налози, согласно член 6 од соодветната владина уредба, соопшти Марјан Јосифоски, портпарол на тетовската полиција.

СВР – Тетово бележи 18 нови решенија за изолација од Државен санитарен и здравствен инспекторат, додека вкупно биле контролирани 206 лица. Изјави за самоизолација потпишале пет лица, а контрола била извршена на 20 луѓе. (МИА)

Парламентарни избори 2020