петок, 3. декември 2021. Вести денес: 147
home Општини

Казнети седум возачи за брзо возење во штипско

Казнети седум возачи за брзо возење во штипско

На 26.10.2021 на подрачјето на СВР Штип полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, информира МВР.

За време на контролата биле констатирани 7 прекршоци, од кои 5 во населено место и 2 надвор од населено место.

На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Санкционирани биле и 12 други видови на прекршоци, од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, 1 за нерегистрирано возило, 1 за технички неисправно возило, 2 за управување возило под дејство на алкохол и 2 за некористење на сигурносен појас.

Коронавирус