петок, 28. јануари 2022. Вести денес: 160
home Општини

Казнети 78 возачи за брзо возење на автопат Велес-Скопје-Куманово

Казнети 78 возачи за брзо возење на автопат Велес-Скопје-Куманово

Денеска (27.11.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје – Куманово за санкционирање на возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 78 возачи.

Од нив, 22 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.

Коронавирус