недела, 23. септември 2018. Вести денес: 65
home Општини

Кавадаречката полиција на едукативна средба со матурантите пред матурските вечери

Кавадаречката полиција на едукативна средба со матурантите пред матурските вечери

Кавадаречката полиција денеска реализираше едукативна средба со матурантите од гимназијата “Добри Даскалов”, пред  претстојните матурски вечери. Полициските претставници им посакаа на матурантите среќни и безбедни матурски вечери, со укажување и во овие денови да се почитуваат сите законски прописи.

– Целта е превентивно да се влијае врз нивната свест, со цел да внимаваат и да не ризикуваат со непромислени постапки  во овие за нив среќни моменти од животот. Минатото говори дека поради невнимателност се имаат случувано трагични настани токму за време на матурските вечери. Затоа ги потсетивме додека траат ваквите забави да не претеруваат со алкохол, да избегнуваат управување со автомобили и слично. Сето тоа заради нивна лична безбедност, но и заради безбедноста на другите, нагласи Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој потсети на познатата изрека дека е подобро да се спречи, отколку да се лечи.

МИА