вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 99
home Општини

Кавадарци ќе искористи бунари за обезбедување технолошка вода

Кавадарци ќе искористи бунари за обезбедување технолошка вода

Општина Кавадарци ќе искористи бунари за обезбедување технолошка вода во градот, најави градоначалникот Митко Јанчев во изјава за МИА.

– Јавното преторијатие “Комуналец” годинава издвои три милиони денари буџет. Веќе се бушат  два бунара фи триста под новото тениско игралиште. Очекуваме тие да дадат 30-40 литри во секунда со кои со вода за наводнување би се обезбедил новиот дел на градот. За градскиот парк, исто така обезбедивме бунарска  вода, рече Јанчев.

Ќе се провери и издашноста на вода од бунар во строгиот центар на градот, за да се обезбеди вода за наводнување за паркот Полјана.

– Сево ова е не само да заштедиме вода за пиење, туку и од еколошки причини, нагласи градоначалникот.

Коронавирус