четврток, 24. септември 2020. Вести денес: 0
home Општини

Кавадарци изготви Студија за регулирање вишок грозје во Македонија

Кавадарци изготви Студија за регулирање вишок грозје во Македонија

Кавадарци изготви Студија за регулирање вишок грозје во Македонија, преку дестилирање на евентуалните залихи на вино, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тој појасни дека проблемот со вишок грозје кој во одредени години ја мачи државата а особено Тиквешијата, може да се надмине со дестилерија.

Студијата во чија изработка учествуваа претставници на општината но и стручни кадри, е доставена до премиерот Заев, министерот за земјоделство Николовски и советничката за земјоделство на премиерот, Николовска.

– Очекуваме позитивен одговор и средба за понатамошни делувања и имплементирање на студијата. Првично ми е желба никогаш да нема вишок грозје. А секогаш кога ќе има, оваа студија нуди соодветно адекватно решение, нагласи градоначалникот.

Во студијата меѓу другото се согледува состојбата со лозарството и винарството во државата, се опишува постапката за производство на грозје, вино и дестилат, а се даваат и предлог мерки за регулирање на вишокот.

Коронавирус