среда, 18. септември 2019. Вести денес: 73
home Општини

Кавадарци доби уште еден паркинг простор

Кавадарци доби уште еден паркинг простор

Општина Кавадарци успешно реализираше уште еден сообраќаен комунален проект. Ангажираната фирма „Изолација“ заврши со реконструкцијата и проширувањете на паркингот под Хотел „Балкан“.

Градежната механизација денеска го поставуваше завршниот слој асфалт на платото под хотелот и на улицата „Тошо Велков-Пепето“ до спојот со улицата „7 Септември“.
На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината изгради нов паркинг, и асфалтираше два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“.

Беа обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот, а се поставиа и 6 нови канделабри со еколошки штедливи ЛЕД светилки како дел од Јавното улично осветлување.

Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци во многу го зголеми капацитетот на јавниот паркинг простор, а урбанизираше и запуштен простор во центарот на градот.