сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Кавадарци доби нов паркинг простор

Кавадарци доби нов паркинг простор

Ангажираната фирма „Изолација“ започна со асфалтирање на реконструираниот и проширен паркинг на улицата „Благој Крстиќ“ под Хотел „Балкан“.
На овој простор со вкупна површина од 1850 м2 Општината изгради нов паркинг, кој денеска и утре ќе се асфалтира. Во склоп на овој проект се асфалтират и два крака од улицата „Тошо Велков-Пепето“, од кој оној во правецот на ул. „7-ми Септември“ ќе биде отворен за сообраќај во една насока од паркингот кон споменатата улица. На оваа локација општината ќе ги обнови и пристапните скали помеѓу хотелот и дуќаните кои водат од плоштадот до паркингот. Со реализацијата на овој проект Општината Кавадарци ќе урбанизира еден неправедно запуштен простор во најстрогиот центар на градот, а во многу ќе го подобри и зголеми капацитетот на јавниот паркинг простот, напиша градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Најнови вести

Коронавирус