недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 39
Во живо

Изјава на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

home Општини

Kандидатот за градоначалник на општина Виница Миле Петков: Овој тим кој заслужува шанса и со сигурност нема да ја изневери вашата доверба

Kандидатот за градоначалник на општина Виница Миле Петков: Овој тим кој заслужува шанса и со сигурност нема да ја изневери вашата доверба

Ова е победничкиот тим, тим кој претставува спој на младоста и искуството, нова енергија, знаење и квалитет, рече во своето обраќање кандидатот за градоначалник на општина Виница од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Миле Петков

Во продолѓение интегрален текст и видео од обраќањето на Петков:

-Денес и официјално започнува изборната кампања за локалните избори за градоначалник и членови на Совет на Општина Виница.

Од денес па се’ до 15-ти октомври заедно со мојот тим, со членовите на општинскиот избирачки штаб и кандидатите за советници на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата за Обнова на Македонија, ќе ги посетиме вашите домови и ќе ја презентираме нашата и ваша програма, за која се обврзуваме дека во целост ќе ја реализираме во наредните 4 години.

Дозволете на кратко да Ви ги претставам кандидатите за советници.

Носител на победничката листа е Д-р Саше Апостолов, доктор по општа медицина, вработен во приватна здравствена установа.

Број 2 Сашко Митев, дипломиран конфекциски инженер вработен во приватен сектор.

Број 3 Верица Стојмирова, дипломиран професор по одделенска настава и рано учење на англиски јазик, вработена во приватен сектор.

Број 4 Александар Јованов, секретар на ОК на ВМРО ДПМНЕ Виница, дипломиран правник, вработен Управата за водење на матични книги.

Број 5 Ацо Ѓорѓиевски, дипломиран инженер геолог, вработен во Управата за хидрометеоролошки работи.

Број 6 Марија Миланова, радиолошки техничар, вработена во ЈЗУ Здравствен Дом Виница.

Број 7 Сашко Дончев, претседател на УМС Виница, вработен во приватен сектор.

Број 8 Тања Лазарова Арсова, дипломиран професор по одделенска настава.

Број 9 Ратко Даневски, дипломиран економист од областа на маркетинг менаџмент.

Број 10 Милка Стаменкова, претседателка на УЖ Виница, вработена во ОЈУГД “Гоце Делчев” Виница.

Број 11 Трајан Сарафимов, магистер по технички науки од областа на геодезијата, вработен во Агенцијата за катастар на недвижности.

Број 12 Дивна Анастасова, дипломиран професор по предучилишно образование, вработена во АД Македонски пошти.

Број 13 Љупчо Гоцев, член на претседателството на Унија на ветерани-Виница, вработен во МЗЖВ-Шумска полиција.

Број 14 Горица Спасова, дипломиран професор по одделенска настава, вработена во ОУ “Никола Парапунов”-с.Драгобраште

Број 15 Алберто Николовски, дипломиран текстилен инженер, вработен во СОУ “Ванчо Прке”-Виница,.

Почитувани,

Ова е победничкиот тим, тим кој претставува спој на младоста и искуството, нова енергија, знаење и квалитет.

Во советничката листа има луѓе од различни профили лекари, инженери, професори, правници, економисти, невработени, луѓе со висок кредибилитет и високи морални вредности.

Има луѓе кои се долго во политиката и успешни во својата професија. За некои од нив ова се можеби први почетоци во политиката, но луѓе со огромна енергија и висок потенцијал кои се спремни да одговорат на предизвиците на новото време.

Тим кој заслужува шанса и кој со сигурност нема да ја изневери вашата доверба, вели Петков во своето обраќање.

Локални избори 2021