четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 87
home Општини

Кандидати на ДУИ и на Алијанса на Албанците и Алтернатива во втор круг во Струга

Кандидати на ДУИ и на Алијанса на Албанците и Алтернатива во втор круг во Струга

Кандидатите за градоначалник на Струга од ДУИ Рамиз Мерко и на Алијанса на Албанците и Алтернатива Идри Истрефи влегуваат во втор круг во трката за прв човек на општината.

Од аналитичкиот центар на Мерко излегоа со честитка, и според нив, водство од 2.000 гласови.

Истрефи пак, на фејсбук се заблагодари за поддршката на стружани, со најава дека ќе продолжи и во наредните две недели да го бара нивниот глас за конечна победа.

– Продолжуваме со високо кренати глави и во вториот круг. Неизмерно сме горди на оние илјадници стружани, кои гласаа за нашата понуда. Очајно ќе бараме поддрша во секој дом и во овие две недели, напиша Истефи на фејсбук.

Коронавирус