среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 0
home Општини

Како градоначалникот Митко Јанчев се справи со снег од 1,5 метар (Видео)

Како градоначалникот Митко Јанчев се справи со снег од 1,5 метар (Видео)

И покрај големата висина на снегот од 1 до 1,5 метри градоначалникот Митко Јанчев брзо дејствуваше. Свртен кон вистинскиот проблем, за кратко време направи добра организција, и ги способи сите комункации за планинскиот дел на Општина Кавадарци. Зимската служба и ЈП Комуналец одлично си ја завршија работата.

Без паника, префрлање на задачите на други служби, лично со целосна организација на Зимската служба, постојните ресурси, ЈП Комуналец, за многу краток период, градоначалнкикот Митко Јанчев обезбеди целосна комуникација на сите населби во Општина Кавадарци, а пред се ридско-планиснкиот дел кој гравитира кон Кожуф планина.

Додека сите беа преокупирани по новогодишното славје, Јанчев со расположивите кадри и механизацијата беше на терен и лично раководеше со обемна операција чија главна цел беше нормализирање на сите парни правци со нагласка на селата во поткожувскиот регион. Висината на снегот изнесуваше од 1 до 1,5 метар. Во ваква ситуација беше неопходна решителна и брза интервенцијапред се заради лугето и стоката кои се наоѓаат во селата. Со булдожери беше исчистен патот Бојанчиште – Куманичево и Конопиште -Лукар со што се со цел лесно движење и непрекинато водоснабдување од страна на ЈП Комуналец.Треба да се каже дека работата на луѓето на ова делница кон Лукар беше исклучително сериозна и опасна,но мораше да се заврши. Овде постоеше опасност да замрзне водата која се слева во решеткастиот дел на изворите а со тоа граѓаните на Кавадраци, Неготино и дел од Росоман да останат без вода, како што се случи пред некоја година поради слично невреме.

Потоа 2 големи трактори со нож и соларка работеа на патот Мушов гроб – Мајден и на патот Мајден – Рожден. Две возила на зимската служба на Општина Кавадарци ги пробија на правците кон Страгово, Крњево, Бохула, Бојанчиште, Граниково и Чемерско.

Оспособена е локалната делница од Регионалниот пат Мушов Гроб-Крњево до Летувалишето Михајлово каде 50 деца од Скопје престојуваа на зимски одмор. И овде се вложени натловечки напори за да се совладаат навеви од над 1 метар снег. Да напоменеме дека 2 возила од Македонија пат работа на чистење од снегот на патот Кавадарци – Мушов гроб.

Во истовреме додека, во прва фаза се оспособуваа патните правци за комуникации беа активирани другите возила кои вршеа посолување и додатно чистење на патиштата, така што за 24 часа Кавадаречкиот планински регион стана комплетно достапен за сообраќајна комуникација на луѓе, механизација и возила кои доставуваат храна, намирници, и друга стока за жителите, а службите кои дејствуваат на овој терен непречено си ја вршпат работата.

Зимата 2014/2015 за слична сосотојба која ја причинија снежни врнежи во Кавадарци беше прогласена вонредна состојба, и за дотур на храна до некои села беше ангажиран хеликоптер.

Градоначалникот Митко Јанчев без ничија помош, со постојните ресурси, пред се со добра организација и квалитетен пред се стручен кадар, успеа да го нормализира животот во цела Општина Кавадарци, па така граѓаните во мирна атмосфера обележат Бадник и Божиќ,нашите најголеми христијански празници.

Во низинскиот дел на Општината граѓаните немаа никакви проблеми со снегот. Зимската служба работата ја заврши во рекордно брзо време.

Коронавирус