недела, 18. август 2019. Вести денес: 43
home Општини

Када на дното на Охридско езеро, некој си го реновирал тоалетот… (ФОТО)

Када на дното на Охридско езеро, некој си го реновирал тоалетот… (ФОТО)

Деновиве многу е актуелно Охридското Езеро и неговата загаденост. Членовите на Нуркачки центар „Akvatek“ како големи вљубеници во Охридското Езеро, постојано апелираат да се внимава што се фрла во Езерото.

Тие на социјалната мрежа Фејсбук објавија фотографии на кои се гледа како некој „паметен“ се досетил по реновирање на тоалетот се што му вишок да фрли во Езерото.

– Некој си го реновирал тоалетот. Секоја чест, БРАВО, пишуваат од „Akvatek“.

Додаваат дека локацијата е помеѓу „Сараиште“ и „Мостот на Желбите“, на околу 100 метри од брегот, на длабочина од 5 метри.

Фотографиите се дело на Никола Паскали.