вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 207
Во живо

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Лисиче

home Општини

Јовчески: Реконструкција на плоштади и инфраструктурно доуредување на индустриските зони во Прилеп

Јовчески: Реконструкција на плоштади и инфраструктурно доуредување на индустриските зони во Прилеп

Денес е еден од најзначајните денови за прилепчани. Денес е празник со огромно значење за сите Македонци. Затоа, сакам да ја искористам оваа прилика и да Ви го честитам големиот македонски празник, 11-ти Октомври, денот на започнувањето на македонската револуционерна борба против фашизмот. Денот кога токму овде недалеку од ова место, пред участокот, пукна првата пушка и го огласи востанието на македонскиот народ за слобода и мир, рече во своето обраќање на вечерашниот митинг кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

Тој кажа дека и покрај се направено и ненаправено, не сака да ги навредува своите политички противници.

„Колку и да се обидувам да одбегнам да дискутирам на одредени теми, некои работи едноставно не смеат да поминат без коментар. Ми пречи кога народот е: лажен, украден и обезличен. Странските инвестиции се мисловна именка, а нови работни места, лага во која што веќе никој од младите прилепчани не верува“, рече Јовчески.

Според него на Прилеп не му треба козметика, не му требаат празни предизборни ветувања за една употреба.

„Прилеп и прилепчани, заслужуваат многу повеќе! Ние, прилепчани, сме познати по нашата гордост и борбеност. За жал, после изминатите четири години и владеењето на СДСМ, на Прилеп му требаат коренити промени и реформи и тоа во сите сегменти, тоа е факт. Она што можам да ви го ветам, е дека јас не ветувам тоа што не можам да го исполнам. Јас и мојата партија ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нашите коалициони партнери, го ветуваме само она за кое сме сигурни дека ќе го исполниме. Бидете убедени во тоа“, вели Јовчески.

За секој успех треба предуслови кои реално се изводливи и затоа, рече Јовчески, ви ветувам дека максимално ќе се забрзаат сите процедури и барања кои ги имате поднесено уште од првиот ден.

“Уште од почетокот на мојот мандат, заедно со мојот тим составен од професионалци во своите области, ќе се остварат повеќе значајни проекти: 1. реконструкција на плоштади, 2. паркови во градот и населените места, 3.  инфраструктурно доуредување на индустриските зони, 4. комплетна реконструкција на влезовите во градот, 5.ќе има нови 500 слободни места, со планираните изградби на нови градинки, доизградби на постоечки како и реадаптација на училишни простори, 6. прилепската река ќе добие нов лик, 7.ќе ги спречиме и нервозите со паркинг простор, со изградбата на монтажни катни гаражи, 8. за љубителите на домашни миленици, ќе изградиме парк по сите стандарди, 9. старата градска чаршија ќе биде обновена и ќе заживее, 10. планирана е и изградба на неколку кружни текови, 11. ќе изградиме и обиколници, со промена на режимот на сообраќај за тешки товарни возила кои ќе се движат по нова траса, нема да биде засегнато градското подрачје, 12. Прилеп ќе биде напреден и модерен град, со користење на обновливите извори на енергија, на сите објекти во надлежност на локалната самоуправа ќе бидат поставени фото-волтаични панели, 13. ќе ги реконструираме уништените спортски терени и ќе изградиме нови, 14. Прилеп заслужува чист воздух и здрава животна средина. Затоа, ќе ја доизградиме и пуштиме во употреба фабриката за отпад“, рече Јовчески.

Тој напомена дека нема да ги заборави ниту жителите на населените места  околу Прилеп ниту пак нивните проблеми, како проблемите на водоснабдувањето во село Канатларци, како и  изградба на канализациска мрежа во село Ново Лагово, покрај  нив, ќе следува и доизградба на канализациска мрежа во село  Мало Коњари и село Големо Коњари.

„Ова што предмалку го набројав, е само еден мал дел од нашата богата програма. Проекти кои се реално остварливи и кои Прилепчани ќе ги видат во наредните четири години!  Претстојат и други проекти, но поради времето, ве поканувам секој поединечно да ја разгледате програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, бидејќи верувам дека ќе се пронајдете во повеќе од проектите и тоа во различни домени. Тоа ќе биде вашиот главен мотив, да го дадете вашиот вреден глас, на вистинскиот човек.  Ајде сите заедно да им кажеме ,,едно гласно НЕ“ на: митото, корупцијата, на селективната правда, на неморалот, на уништувањето на образованието, уметноста, културата и традицијата. Прилеп да го направиме град во кој што ќе посакаат да се вратат нашите деца. Со огромна почит спрема сите вас, ја барам вашата поддршка на 17-ти октомври, за Прилеп и за сите нас“, порача Јовчески.

Локални избори 2021