сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 0
home Општини

Јовчески е нов градоначалник на Прилеп: Покажавме дека умееме демократски да размислуваме

Јовчески е нов градоначалник на Прилеп: Покажавме дека умееме демократски да размислуваме

Доктор Борче Јовчески од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е нов градоначалник на Прилеп, кој уште во првиот круг победи со 21.196 гласови, или со 6.500 гласови повеќе од противкандидатот Горан Сугарески од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ ќе има мнозинство и во општинскиот Совет.

Од пред општинската зграда, Јовчески рече дека е запишана нова страница во историјата на Прилеп.

-Покажавме дека знаеме и умееме демократски да размислуваме и да го избереме најдоброто за градот, за граѓаните. Заедно со граѓаните можеме да придонесеме за развојот на Прилеп, за подобро утре во сите сфери во општественото живеење. За нова иднина, за реализација на проекти за економски, културен, спортски напредок на Прилеп, рече Јовчески.

Коронавирус