недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 28
home Општини

Јовановски: Како иден градоначалник на Кичево, беспоштедно ќе се заложам на решавање на горливите проблеми и ќе створам услови за живот на младите

Јовановски: Како иден градоначалник на Кичево, беспоштедно ќе се заложам на решавање на горливите проблеми и ќе створам услови за живот на младите

Како иден градоначалник, доколку граѓаните ми ја дадат довербата, беспоштедно ќе се заложам да овозможам услови за живот во Кичево, вели кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски.

Тој во емисијата „Десет минути“ која се емитува на телевизија Тв21 истакна дека иако општината не е работодавач, тој како раководител на локалната самоуправа ќе овозможи услови за инвестирање во градот, така што за сите заинтересирани сите администра работи би му ги завршила опшината и бирократските бариери целосно ќе ги отстрани. И на овој начин со инвестирања во градот Кичево, додава Јовановски, ќе ги задрже младите иднината да ја градат во нивниот град.

„Општината не е работодавач, но како локална самоуправа би можел да овозможам услови за било кој што е заинтересиран да инвестира во нашиот град, да му излеземе во пресрет, ние да му ги завршиме сите работи, да ги тргнеме сите административни пречки, како некој би инвестирал и би задржал нашите млади да останат о нашиот град“, истакна Јовановски.

Тој додаде дека има план за решавање и на еден од најголемите проблеми во општина Кичево како што се уличните кучиња кои не им даваат мир на кичевчани. За решавања на овој проблем, Јовановски планира простории кои се во сопственост на Република Македонија и на општината и кои седат празни да ги пренамени во изградба на стационар за кучињата, каде што истите би имале хумани услови, медицинска помош и редовна храна.

„Имаме план за згрижување на уличните кучиња. Во градот има неискористени простории кои се или на Република Македонија или сопственост на општината кои можат да се пренаменат и во кои може да се изгради стационар. И нормално, во комуникација со неколку здруженија за заштита на животни изразивме спремност и желба да соработуваме со цел да ги згрижиме кучињата скитници да бидат хумано згрижени на едно место, каде што ќе имаат и медицинска помош и храна. Второ ќе спроведеме и акции, со цел љубителите на животни да се охрабрат и да посвојат кучиња“, посочи Јовановски.

Јовановски порача дека има и проект, финасиски средстав и тим кој во најкус можен рок ќе се ангажира за решавање на канализација во Другово, Зајас и Осломеј, кои преставуваат еден од најгорливите проблеми на општината.

„Друг горлив проблем е канализацијата во Другово, Зајас и Осломеј. А за решавање на овој проблем имаме проект и финсиска конструкција и комплетен тим кој би се зафатил и би го решавал во најкус можен рок“, рече кандидатот Јовановски.

Друг важен проблем кој што Јовановски ќе го реши веднаш после преземањето на одговорноста како градоначалник на општина Кичево е изградба на спортска сала во централното основното училиште Кузман Јосифовски Питу, затоа што како што вели, во зимскиот период децата немаат каде да вежбат, нешто што е особено важно за нивниот психо физички раст и развој.

„Спортската сала во основното училиште Кузман Јосифовски Питу, кое што е централно училиште и кое за жал нема спортска сала каде што во есенски и зимски услови кога е постудено, децата не можат да оддржуваат настава по физичко образование. А од друга страна тоа е основно за нормален психо физички развој. Ќе изградам и многу детски игралишта и катчиња каде што и помали и поголеми деца би се дружеле пред се, затоа што сметам дека нашите млади недоволно се познаваат“, порача Јовановски.

Коронавирус