петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 133
home Општини

Јовановски: Гледајќи како Кичево стои во место и не се развива, одлучив да дејствувам и да донесам промени за доброто на сите граѓани

Јовановски: Гледајќи како Кичево стои во место и не се развива, одлучив да дејствувам и да донесам промени за доброто на сите граѓани

Мотивот поради што се кандидирам за градоначалник на Општина Кичево се децата и целокупната младина во градот за која што нема соодветни услови за раст, развој и социјализација, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јованоски во емисијата „10 Минути“ на телевизија ТВ21.

“Јас имам три дечиња и размислувајќи за нив, гледам дека нема услови за нормален раст и развој на нашите деца почнувајќи од детски градинки, соодветни училишта, спортски сали и слични детски катчиња каде што тие нормално физички и психички би се развивале и би имале нормален социјален живот“, истакна Јованоски.

Тој додава дека од друга страна во последниве години се гледа дека овој град не оди напред, во Кичево, за жал има населби во кои сеуште нема канализации и улици по кои течат фекалии, села кои се испразните и во кои нема млади луѓе, токму поради немањето основни услови за живот.

„Нападнати сме од кучиња скитници по улиците, по улиците тече фекалии, имаме населби каде нема канализации се уште за жал, во 21 век. За жал и во нашите села каде има млади луѓе, има дечиња кои живеат немаат никаков услов каде да се дружат, спортуваат и нормално да се развиваат“, порача Јовановски.

Јовавовски истакна дека тој како човек кој целосно реализиран и на возраст која бара општествена активнст за добробит, пред се на околината во која живее, одлучи да не биде веќе посматрач туку да преземе конкретни чекори со кои ќе направи промени кои ќе бидат во корист на сите граѓани на Кичево.

„Така да, јас како човек на возраст која бара општествена активност, човек кој се реализирал себеси како професионалец, како доктор одлучив да дејствувам и да се обидам да променам нешто во однос на сите граѓани“, посочи Јованоски.

Тој, исто така, сподели и информации од својот приватен живот додавајќи дека е во мешана брачна заедница, односно неговата сопруга е дел од албанската заедница и дека со членовите на нејзиното семејството живеаат беспрекорно, заедно слават празници и дека таа позитивна енергина на соживот сака да ја пренесе на сите граѓани

Коронавирус