вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Општини

Јованчев: Народот даде свој вредносен суд, Заев и неговата Влада се делегитимирани

Јованчев: Народот даде свој вредносен суд, Заев и неговата Влада се делегитимирани

На 30-ти септември, во Македонија се одржа референдум кој беше со повеќекратни прашања, нејасен и неуставен. за среќа на Република Македонија, народот со презир го виде овој референдум и со апстиненција му зададе голем шамар на Заев и неговата дружина, истакна претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев.

-Со самото тоа што 1.200.000 граѓани апстинираа од излегување на референдумот, му се даде до знаење на Заев и неговата хунта, инсталирана во системот на Македонија, дека народот не можеш да го излажеш, без разлика каква европска иднина му ветуваш. Со тоа народот даде свој вредносен суд, Заев и неговата Влада се делегитимирани, рече тој.

Целата прес-конференција ви ја пренесуваме во продолжение.