петок, 28. февруари 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Јованчев: Најголем успех на Китев е гласањето за промена на името, наместо спроведување на проекти за кавадарчани

Јованчев: Најголем успех на Китев е гласањето за промена на името, наместо спроведување на проекти за кавадарчани

Претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Зоран Јованчев денеска во изјава за медиумите ја обвини сегашната влада на СДСМ дека спроведува катастрофални политики на штета на граѓаните.

Јованчев додава дека според Договорот за изградба патот Градско Прилеп требало да биде во функција најдоцна до почеток на оваа година, потенцирајќи дека поради неспособноста на владата можно е изградба на истиот и по десетина години.

Катастрофалните политики на владата на СДСМ народот ги гледа на секој чекор. СДСМ единствено што ја користи власта е за личен профит и за вршење на рекет. Ниту еден од проектите започнати од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ не можат до крај да ги реализираат а не пак да започнат некои нивни проект за доброто на граѓаните. Денес се наоѓаме на патот Градско Прилеп којшто е еден од најфрекфентите патишта во државата и е еден од најризичните со најмногу сообраќајни незгоди најчесто и со човечки жртви. Според Договорот за изградба овој пат требаше да биде во функција најдоцна до почетокот на оваа година, меѓутоа со оваа влада и со оваа динамика на изведба овој пат прашање е дали ќе се заврши и по десетина години. На лице место можеме да забележиме дека не само што новиот пат не се гради туку и стариот пат низ којшто се движат возилата е во катастрофална состојба, премногу е оштетен и е ризичен за сообраќај, вели Јованчев.

Јованчев изјави дека единствен успех на пратеникот од СДСМ од Кавадарци Бетиан Китев е гласањето за промената на Уставното име на државата, како и гласањето на договорот за добрососедство со Бугарија укажувајќи дека со тоа директно им наштетил на граѓаните од село Ваташа.

Не знаеме министерот за транспорт и врски Сугаревски којшто е од Прилеп по кој пат патува за Скопје, меѓутоа нашиот сограѓанин и пратеник Бетиан Китев требаше во изминатите три години откако е неговата партија на власт да се ангажира и да го стави како приоритетен интерес изведбата на овој регионален пат којшто секојдневно го користат стотици жители на Кавадарци. Очигледно дека најголем успех на пратеникот Китев којшто го направи за кавадарчани е што гласаше да се промени името на државата и без грам совест исто така гласаше за договорот со Бугарија со што на ваташани и кавадарчани им го заби ножот во срцето. Капитални проекти и инвестиции од оваа влада и овие пратеници на СДСМ ниту имаме ниту можеме да очекуваме во иднина. Се што ветија за се излага. Граѓаните на Кавадарци поминале низ многу лаги на СДСМ, па ќе ги истрпат и овие, посочи тој.
На крај додаде дека  а 12 април доаѓа обнова на Македонија и влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ која ќе работи во интерес на сите граѓани.

За помалку од три месеца оваа корумпирана и рекетарска влада заминува на темната страна на историјата, а на 12-ти април. 12-ти април е крајот на СДСМ и почетокот на Обновата на Македонија која ќе ја предводи идната влада на ВМРО ДПМНЕ, заврши Јованчев.