петок, 25. септември 2020. Вести денес: 0
home Општини

Јорданов со повик до градоначалникот на Штип

Јорданов со повик до градоначалникот на Штип

Како што најавивме, во име на транспарентноста и отчетното владеење, во име на „Едно општество за сите“, денес се обраќаме до Градоначалникот на Општина Штип и Локалната самоуправа, рече на денешната прес-конференција, Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пред да објавиме било каква информација, со оваа прес конференција ќе му дадеме можност да одговори на неколку прашања. Кои се сопственици на компанијата Де Лукс ДОО Штип? Каква е поврзаноста на градоначалникот со сопствениците на оваа компанија? Дали е точно дека оваа компанија има добиено милионски тендери и е главен добавувач на храна во јавни институции на кои основач е градоначалникот? Го повикуваме градоначалникот уште веднаш да одговори на овие прашања. Во спротивно доколку не собере храброст и доблест, ние ќе ја обелодениме целата вистина пред граѓаните, поткрепена со документи и докази, истакна Јорданов.

Јавноста ќе дознае дали ова општество е за сите, или само за неколкумина од СДСМ, додава тој.

Коронавирус