четврток, 29. септември 2022. Вести денес: 150
home Општини

Јорданов: Се реши долгогодишниот спор меѓу изведувачот и подизведувачот, а тоа значи деблокада во процесот на изградба на болницата во Штип

Јорданов: Се реши долгогодишниот спор меѓу изведувачот и подизведувачот, а тоа значи деблокада во процесот на изградба на болницата во Штип

Решивме проблем за Штип и целиот Источен регион!, објави на својата Фејсбук страница штипскиот градоначалник Иван Јорданов.

Како што ветив, ќе правам напори и притисок секаде каде што имам можност, за да овозможам благосостојба на моите сограѓани и квалитетна здравствена услуга, преку изградба на Клиничката болница.

Конечно, на мое лично барање се реши долгогодишниот спор меѓу изведувачот и подизведувачот, а тоа значи деблокада во процесот на изградба на болницата. Она што беше работа на власта, затоа што беше од интерес на секој еден од жителите на Општина Штип, помогнав да добие позитивна разрешница и да добиеме највисок квалитет во добивањето на здравствените услуги!

Вака ќе ги решаваме сите проблеми, затоа што ако е во интерес на граѓаните, тогаш е во апсолутна надлежност на општината!, пишува Јорданов во својата објава.

Коронавирус