среда, 19. декември 2018. Вести денес: 0
home Општини

Јорданов: Предложено покачување на цените на паркинг услугите во Штип

Јорданов: Предложено покачување на цените на паркинг услугите во Штип

На денешната комисиска расправа од страна на ЈП „Стипион“ е предложен нов ценовник на паркинг услугите со кој што се предвидува покачување на дневната, месечната  и годишната цена на паркинг услугите како и на закупувањето на паркинг просторот, изјави денес Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен претседател на ОК во Штип.

Како што вели Јорданов со ова уште еднаш се потврдува лицемерната и популистичка политика на оваа локална власт која што со ова не предвидува ниту  враќање на парите кај граѓаните ниту пак расчистување на сообраќајниот метеж.

-Наспроти ова, тие планираат финансирање на новите партиски вработувања во ова комунално претпријатие на сметка на граѓаните. Затоа оваа прилика ја користам да ги повикам советниците од СДСМ кои што денеска го овој предлог да размислат, и на наредната седница на Совет каде што ќе се носи конечната одлука за одобрување на овој предлог, добро да размислат да ги консултираат граѓаните, да го слушнат гласот на граѓаните, затоа што ова ќе значи дополнителен терет на сметка на граѓаните, нагласи Јорданов.