сабота, 28. март 2020. Вести денес: 108
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Јорданов: Општина Штип нема слух за обезбедување чиста вода за пиење и жителите се оставени самостојно да наоѓаат импровизирани и опасни решенија

Јорданов: Општина Штип нема слух за обезбедување чиста вода за пиење и жителите се оставени самостојно да наоѓаат импровизирани и опасни решенија

Жителите на населбата Каваклија, во 21 век со години наназад се соочуваат со неможност за задоволување на основните потреби за живот. Заради проблемот со немање на чиста вода за пиење, тие се изложени на заразни болести и отежнат начин на живот, изјави Иван Јорданов, координатор на советничка група на ВМРО-ДПМНЕ при Совет на Општина Штип кој додаде:

„Затоа, пред точно 6 месеци, како претставници на советничката група на ВМРО ДПМНЕ, разговаравме со овие луѓе и поднесовме иницијатива до Советот на Општина Штип за решавање на проблемот со водата за пиење. Овие луѓе добија ветување од локалната власт дека ќе се превземат сите неопходни активности во насока на решвање на проблемот.“

-Но, до денешен ден, локалната самоуправа нема слух за обезбедување чиста вода за пиење и жителите се оставени самостојно да наоѓаат импровизирани и опасни решенија. Затоа, како советничка група бараме одговор од надлежните институции до каде се со решавање на проблемот со водата во нас. Каваклија и потсетуваме итно да се превземат конкретни мерки за наоѓање начин за подобрување на животот на граѓаните., потенцира Јорданов.