вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 202
home Општини

Јорданов: Нови сали за боречки спортови, нова атлетска патека и реконструкција на 25 игралишта

Јорданов: Нови сали за боречки спортови, нова атлетска патека и реконструкција на 25 игралишта

Во чест на сите успешни спортисти, во склоп на Мултимедијалниот центар ќе направиме Музеј на спортот, каде ќе бидат изложени лични предмети, фотографии и дресови на нашите спортски амбасадори. Во склоп на ОУ Тошо Арсов ќе изградиме нови мини спортски сали за боречки спортови каде сите овие спортисти ќе добијат место за развој на нивните вештини, изјави денеска за медиумите, Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Штип.

Тој посочи дека ќе направи атлетска патека, која ќе биде достапна за сите спортисти и рекреативци.

– Во соработка со бизнис секторот, ќе направиме балон сала, со која ќе ги зајакнеме капацитетите за спортување во затворен простор. Низ целиот град ќе изградиме и реконструираме повеќе од 25 игралишта, а за подобрување на условите во спортот, спортските клубови ќе добијат повисок фонд од општината за основно функционирање и навремена исплата на годишните котизации, истакна Јорданов.

Тој додаде дека нивна задача е од новите генерации да направат врвни спортисти, со кои сите ние ќе се гордеат сите, а тоа е возможно единствено со НОВА ИДНИНА ЗА ШТИП!

Најнови вести

Локални избори 2021