понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 166
home Општини

Јорданов: Николов нема допир со реалниот човек, на вработените во неговата Баргала им дава 2 денари плата, а тој ужива во привилегии, тој не може да биде градоначалник

Јорданов: Николов нема допир со реалниот човек, на вработените во неговата Баргала им дава 2 денари плата, а тој ужива во привилегии, тој не може да биде градоначалник

Тоа што јас го ветувам е дека ќе имаме нормална локална власт која што ќе функционира во нормални услови, ќе бидеме достапни за нашите сограѓани, ќе ги рационализираме трошоците затоа што во време на финансиска криза не можат локалните власти се луксузираат со службени возила, да ги трошат парите на граѓаните, а да бараат од граѓаните да имаат разбирање дека живееме во финансиска криза, вели кандидатот за градоначалник на општина Иван Јорданов во вечерашното гостување во емисијата Само Интервју на телевизија Канал 5.

Јорданов вели дека ќе се рационализираат трошоците на општината а со тоа ќе ја врати довербата на граѓаните во општината, посочувајќи го примерот кога семејната фирма на сегашниот градоначалник од СДСМ Сашко Николов поделила плата на вработените само 2 денари, односно како што рече тој Николов не сочувствувал со тие вработени и не се откажал од одредени привилегии како носител на јавна функција.

Ако вработените во Баргала во семејната фирма на Николов добиваат плата од 2 денари не може градоначалникот да не даде личен пример и тој да не биде дел и да се сочувствува со тие вработени и да даде личен пример дека се лиши од одредени привилегии како носител на јавна функција. Сакам да кажам дека најпрво наша замисла и цел е да ги рационализираме трошоците, а со тоа да ја вратиме довербата на граѓаните и кон институциите и кон локалната самоуправа.

Јорданов вети низа проекти за штипјани, посочувајќи дека ќе го реши сообраќајниот хаос во градот преку изградба на сообраќајници и обиколница во Штип.

Да го олесниме начинот на функционирање преку спроведување на низа на проекти кои што ги имаме зацртано. Во делот на инфраструктурата предвидуваме неколку нови сообраќајници, обиколница на Штип со кој што ќе се растерети сообраќајниот метеж и полесно ќе транзитираат луѓето од едниот до другиот крај на градот, потенцираше тој.

Јорданов го обвини Николов дека манипулирал кога говорел дека Генералниот урбанистички план е донесен, порачувајќи му дека новата локална власт ќе го донесе ГУП, а ќе учествуваат и граѓаните на Штип.

Но, исто така тоа што го спомна Николов дека бил донесен Генералниот урбанистички план, некако повторното играте со зборови и манипулирате. Ако бил донесен Генералниот урбанистички план тогаш зошто никој до сега го нема видено? Не Николов, Генералниот урбанистички план ќе го донесе новата локална власт и преку тој план ќе имаме можност сите да го развиваме градот Штип и да го планираме развојот на градот Штип, каде ќе бидат индустриските делови, каде ќе се мотивираат компаниите да инвестираат, да се продаваат парцели, но исто така да се регулира урбаното дивеење во централното градско подрачје. Затоа што во овие четири години освен фамилијарните фирми на локалните челници никој друг не виде моќност да направи нешто во градот Штип, и тоа најдобро ќе го знаете ако го прашате вашиот ментор Бочварски како во време на овие четири години само тој градеше станбени згради во градското централно подрачје и дали не е тоа едно од причините зошто Генералниот урбанистички план до сега не бил донесен, нагласи Јорданов.

Во својата програма, Јорданов вети и подобрување на животната средина преку зголемување на зелените површини во градот.

Но исто така предвидуваме и низа на проекти за подобрување на животната средина, во зголемување на зелените површини, додаде Јорданов.

Најнови вести

Локални избори 2021