недела, 5. декември 2021. Вести денес: 93
home Општини

Јорданов: Ќе ги асфалтираме сите улици во Штип, ќе ги реставрираме старите куќи по познатите стари штипски маала

Јорданов: Ќе ги асфалтираме сите улици во Штип, ќе ги реставрираме старите куќи по познатите стари штипски маала

„Поминавме неколку месеци во разговори со вас, за да ја креираме програмата. Ние не ветуваме празни ветувања, ветуваме чесност, одговорност принципиелност и посветеност. Ова се нашите постулати на кои ќе ја креираме нашата политика како идна локална власт. Гарантираме дека ќе се вложиме за да ги подобриме условите за граѓаните. Основна задача е да ја вратиме довербата на грачаните и да ја подобриме функционалноста на општината“, рече Иван Јорданов, кандидат за градоначалник на Штип на вечерашниот митинг.

Јорданов рече дека до 2024 година, Општина Штип ќе стане дигитална општина и секој документ ќе може да се побара и да се извади по електронски пат и оти бизнис заедницата ќе биде стратешки партнер на општината.

„Наша обврска е и да ги застапуваме правата на работниците. Да се бориме и избориме на овие наши измачени граѓани“, рече Јорданов.

Тој посочи и дека е предводено да се продлабочи соработката со Универзитетот Гоце Делчев.

„Нашата визија е да направиме студентски град, да го подобриме социјалниот живот на младите во нашиот град“ рече Јорданов.

Тој се осврна и на останатите проекти од Програмата.

„Во делот на патната инфраструктура предвидуваме завршување на булеварот Партизанска до населба Баби, изградба на вторат фаза од обиколницата од булевар Гоце Делчев до населба Ново Село, проширување и реконструкција на крстосницата во населба Сењак, спроведување на проектот „Штип без кал“ со кој ќе ги асфалтираме сите улици во Штип кои се во кал. Наша обврска е и да обезбедиме повеќе паркинг места и воведување на јавен превоз со цел решавање на сообраќајниот хаос, обнова и реконструкција на дел од застарената водоводна мрежа, како и проширување на канализационата мрежа. Секоја улица во Штип заслужува да биде осветлена. Ќе има реставрација и конзервација на старите куќи и сокаци во познатите стари штипски маала, како и заштита на богатото културно наследство. Во изборната програма гарантираме повеќе спортски игралишта, реконструкција на постоечките, поддршка на спортистите и спортските клубови. Наша обврска е да дадеме силна поддршка во обрзованието со повеќе инвестиции, како  бесплатен таблет и комјутери за учениците и наставниците. Предвидуваме изградба на нова детска градинка помегу населбите Пребег и Железничка“, информираше Јорданов.

Јорданов рече дека во Штип е предвидено довршување на домот за стари лица кој четврта година е во застој.

Кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ рече дека народот ќе ја избере новата иднина за Штип и Македонија.

„Граѓаните во Штип ќе бидат предвесник за промените во Македонија“, порача Јорданов.

Коронавирус