понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 58
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Општини

Јорданов: Граѓаните ги паметат политичарите по делата

Јорданов: Граѓаните ги паметат политичарите по делата

Бидејќи милуваш да се споредуваш, веднаш ќе ти одговорам, не сме исти! Еве и ќе ти образложам и докажам зошто. Кога зборуваш за плати и фирми, забораваш да кажеш дека твојата фамилијарна фирма е приватизиран државен капитал под сомнителни околности, и сето тоа врз грбот на граѓаните. Истата таа фирма сега добива тендери од Општината со која раководиш.

Граѓаните сами ќе заклучат што значи ова. Не сме исти бидејќи ти ги лажеш граѓаните, а моја обврска е и демократско право да ги соопштувам на граѓаните твоите лаги и начин на работа. Секако тебе ова ти смета и сакаш да ја замолчиш целата опозиција, нема да успееш. Кога прашуваш што имам јас, а што ти направено за граѓаните, еве и за ова ќе ти одговорам. Граѓаните ги паметат политичарите по делата, ти немаш дела оставено, ќе те паметат по лагите, матните бизнис зделки и фамилијарните богатења. За кратко време ќе гледаш јас што ќе направам со чесна и посветена работа за граѓаните на Општина Штип. Исто така бидејќи забораваш, а истовремено и лажеш, еве ќе те потсетам.

Иако не сум на функција како твојата, не сум учествувал како тебе во срамната продажба на нацијата и срамната промена на името. Не сум учествувал во распродажба на историјата, идентитетот и македонскиот јазик. Напротив, со сите демократски методи се борев и се борам ова да го спречам. Ти со твојата функција можеше многу повеќе да спречиш, не сакаше. Не сме исти затоа што го гледаш личното пред општественото. Додека да дојдеш на власт, лажеше, ветуваше мед и млеко дека ќе тече, сега гледаме дека не си способен ниту она што е изградено да го одржуваш во функција, а не пак нешто ново да направиш.

Од тебе граѓаните очекуваат да го оствариш тоа што го вети, од мене очекуваат да ги разоткривам твоите заткулисни игри. Секако, и ова уште кратко ќе трае. Наскоро ќе видиш како јас од позиција на власт и како дел од ВМРО-ДПМНЕ се гради во Штип, се работи за напредок на општината и на Република Македонија. Набргу ќе ги соочиме моите и нашите дела наспроти твоите и вашите лаги. За крај бидејќи мислиш дека со тоа што имаш дадено насока да го поставуваат прашањето што јас имам направено за град Штип.

Да те потсетам дека два пати те повикав на дуел јавно да се соочиме и да кажеме кој што има направено, ти бегаш и не прифаќаш. Ова доволно кажува се за тоа што имаш направено. Има уште многу што да се пишува за твоето лажење, неработење и гледање личен интерес, но се ближат избори народот ќе ја слушне целата вистина. Избори на кои ќе бидете ти и твојата партија катастрофално поразени и запишани во политичката историја како гарнитура која донела само штета и ништо корист за граѓаните на Република Македонија.

Фејсбук статус на Иван Јорданов претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип

Коронавирус