сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 7
home Општини

Јорданов: Две години се манипулира дека се уредува коритото на реката Отиња во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт

Јорданов: Две години се манипулира дека се уредува коритото на реката Отиња во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт

Се наоѓаме во Ново Село. Овде градоначалникот, неколку пати до сега во овие две години се сликаше и манипулираше дека интензивно се работи на уредување на коритото на река Отиња и дека истото е во завршна фаза. Во прилог на ова на јавноста и приложуваме неколку фотографии, истакна Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Штип.

-Ова е евидентирано на 1 март 2018 година. Исто така, од ова место е евидентирано дека на 17 август 2018 година, на истото ова место е приложено и прикажано одвивање на градежни активности со цел уредување на коритото на река Отиња. Замислете, две години се манипулира дека се уредува коритото во должина од 300 метри, кое беше оставено да се доврши од претходната власт. Жителите на оваа населба знаат дека се заборавени и излажани од страна Локалната самоуправа и градоначалникот, рече Јорданов и додаде:

„Крајно време е да бидете барем еднаш одговорен пред граѓаните и да смогнете сили конечно да го завршите она што некој пред вас го оставил. Ве замолуваме да го сторите тоа не затоа што ние ви укажуваме, туку затоа што граѓаните го очекуваат и го бараат тоа од Вас“.