петок, 15. октомври 2021. Вести денес: 139
home Општини

Јорданов до Николов: Наместо да смените водоводна мрежа во Штип, вие купивте метларка од 90 илјади евра и цвеќиња за 3 и пол милиони денари

Јорданов до Николов: Наместо да смените водоводна мрежа во Штип, вие купивте метларка од 90 илјади евра и цвеќиња за 3 и пол милиони денари

На вечерашното изборно соочување во Канал 5 телевизија, кандидатот за градоначалник на Штип од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Јорданов, остро му се спротивстави на кандидатот и досега актуелен градоначалник на Штип Сашко Николов и му порача дека наместо до сега за овие четири години да се промени водоводната мрежа во Штип, локалната власт купи метларка за 90 илјади евра и даде 3 и пол милиони денари за садење на цвеќиња во сред економска криза.

-Господинот Сашко Николов убаво кажува вака, но само декларативно, она кое сега го зборува пред јавноста ние четири години не го видовме, едно е само да зборувате и пред четири години и сега само дека ќе правите проекти и дека ќе инвестирате со набројување на проекти, но ништо од тоа не видовме, затоа ви реков господине Николов од каде го црпите легитимитетот како кандидат кој ништо не направи во овие десет месеци, но и како дел од СДСМ кој беше локална власт во овие четири години, критикуваше Иван Јорданов.

Тој го праша кандидатот од СДСМ со кое лице излегува сега пред граѓаните да ветува и да зборува дека нешто ќе прави во Штип, а ништо не е направено до сега, и му посочи дека грешките кои се направени ќе бидат казнети од граѓаните, а на 17-ти ќе се случат промени во Штип.

-Вие наместо да ја промените водоводната мрежа во овие четири години, набавивте 90 илјади евра метларка која не ви е функционална од народни пари ја плативте, од фирмата на Кочо Анѓушев, наместо да ја промените водоводната мрежа вие потрошивме три и пол милиони денари за садење на цвекиња за садници коишто за еден месец ви се исушија, вие ги исушивте народните пари, вие наместо да ги направевте овие проекти кои сега велите дека ќе ги правите во иднина, вие повторно го манипулирате народот, рече Јорданов.

Јорданов му посочи на кандидатот од СДСМ дека нема да дозволи во негово присуство да го лаже народот и ќе демантира се со кое се замајува јавноста како ветувањата за некои наводни проекти кои ќе биле реализирани.

Коронавирус