петок, 5. март 2021. Вести денес: 80
home Општини

ЈКП „Комуналец “ Гевгелија со важно известување за жителите од градот

ЈКП „Комуналец “ Гевгелија со важно известување за жителите од градот

Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец,, од Гевгелија соопшти дека во текот на утрешниот ден прекин на водоснабдувањето ќе имаат жителите од североисточниот дел на градот, поради изведба на работи за обнова на водоводната мрежа во тој дел од градот.

Според известувањето во одреден временски период, утре без вода за пиење ќе останат граѓаните кои живеат на улиците ,,Кукушка“ и ,,Моински пат“ поради неодложните работи за реконструкција на водоводната линија што комуналните екипи ќе ги изведуваат на кракот од улицата ,,Кукушка“.

Екипите на терен ќе излезат во 8 часот, а прекинот, како што соопштија од ,,Комуналец“ ќе трае до завршување на изведбените работи. (МИА)

Коронавирус