четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 162
home Општини

Јавното претпријатие за Комунална дејност од Струга наплаќа услуги без фискална сметка: Во чии џебови заврши летниот промет?

Јавното претпријатие за Комунална дејност од Струга наплаќа услуги без фискална сметка: Во чии џебови заврши летниот промет?

Цела летна сезона во градот Струга, Јавниот градски паркинг им наплаќа паркинг на граѓаните без фискалнаа сметка. Наплаќачот доставува парагон во вреднот од 50 денари, без печат од Управата за јавни приходи што значи дека парагон блоковите не се претходно доставени до Управата за нивно одобрување за пуштање во употреба.

Немањето на печат на парагон блоговите значи дека истите не подлежат на даночна контрола и дека парите кои што на тој начин се наплатени не се даночат и не влегуваат во регуларната сметка на претпријатието.

Парите кои што на овој начин се третираат се сиви пари а продавањето на овие услуги претставува даночна инвазија и директно оштетување на Буџетот на РМ.

Ова е уште еден случај кој што финансиската полиција и органите на прогонот треба да го прочешлаат и да видат колку во измантиот период изнесува штетата направена врз Буџетот на државата.

Дополнително треба да се утврди во чии џебови заминале парите од наплаќање на овие услуги.

Најнови вести

Коронавирус