недела, 17. октомври 2021. Вести денес: 247
home Општини

Јанчев ветува бесплатен оброк за учениците

Јанчев ветува бесплатен оброк за учениците

Бесплатен здрав оброк за сите околу 1.800 ученици до петто одделение во општината, модерен трговски центар како приватна инвестиција, зоолошка градина, затворен базен, обиколница.

Тоа се дел од проектите кои попладнево на прес-конференција ги најави Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Развојна, иновативна, квалитетна и остварлива, ја нарече тој програмата со 180 проекти.

Јанчев се осврна и на дел од реализираните проекти во првиот мандат.

„На почетокот на оваа кампања ја претставувам програмата со која повторно ја барам довербата од граѓаните на Кавадарци.Станува збор за развојна, иновативна, квалитетна, но пред се остварлива програма.

Кавадарци за сите! Заокружи број 7!“ , рече Митко Јанчев.

Локални избори 2021