среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 90
home Општини

Јанчев неуморно ги реализира проектите за поубаво Кавадарци

Јанчев неуморно ги реализира проектите за поубаво Кавадарци

Општина Кавадарци предаде на користење на граѓаните уште еден успешен комунален проект. Градежната оператива на ангажираната фирма „КОП Инжинеринг“ од Скопје заврши со поплочување на дел од тротоарот на улицата Западен булевар на делницата од паркингот кај Градската капела до паркингот на ВВ „Тиквеш“. На вкупна површина од 650 квадратни метри се поставија бехатон коцки, а на спојот со тревникот и мали рабници. Со реализацијата на овој проект општината заокружи урбанизација на дел од „Западен булевар“ каде се изгради и најголемиот и најдобро уреден кружен тек во градот, кај Винарската визба „Тиквеш“.

Коронавирус