сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Јанчев: Ланскиот денар за килограм грозје лозарите ќе го добијат до четврток

Јанчев: Ланскиот денар за килограм грозје лозарите ќе го добијат до четврток

Ланскиот денар интервентна поддршка за килограм грозје од државата на лозарите ќе им биде пуштен до четврток, најави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.

-Успеавме да се избориме едниот денар субвенции од ланската година за интервентна мерка по килограм откупено грозје, да биде пуштен до четврток.  Успеавме во соработка со премиерот и министерот за земјоделство, со целата Влада и добра волја од нивна страна поради лошата година и сушата која надвладеа во лозарскиот крај, да успее владата да даде поголема интервентна мерка од ланската година. Наше залагање и претчуство е дека ќе биде двојно поголема субвенцијата од лани, за откупен килограм грозје, истакна тој.

Јанчев истакна дека според првичните информации, има потфрлување на количините грозје. Затоа, рече, се очекува откупот да помине во подобра атмосфера и да нема вишок.

-Околу 80 отсто од винариите поради добрата економска ситуација, своја и кај банките, плаќањето го вршат веднаш или за неколку денови. Ова нека биде почеток на подобро ниво на состојбата во лозаровинарството, додаде Јанчев.