четврток, 9. декември 2021. Вести денес: 87
home Општини

Јанчев: Кавадарци за сите пензионери, изградба на Дом за стари лица

Јанчев: Кавадарци за сите пензионери, изградба на Дом за стари лица

Кандидатот за градоначалник на Општина Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вчера оствари средба со дел од пензионерите во Општина Кавадарци.

-На средбата презентиравме неколку проекти како што е изградбата на Дом за стари лица кој ќе има за цел згрижување, сместување, нега, како и медицински третман на згрижените лица од Тиквешкиот регион. Втор проект е обезбедување на помош и нега на стари лица, проект кој опфаќа помош и нега во нивните домови. Ќе се обезбеди помош во вршење на основни активности до 80 часа месечно. Кавадарци за сите пензионери, истакна Јанчев.

Коронавирус