четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 42
home Општини

Изречени 18 казни за брзо возење на „Индустриска“ во Тетово

Изречени 18 казни за брзо возење на „Индустриска“ во Тетово

Со употреба на радар, тетовската полиција попладнево  повторно контролираше колку брзо се вози по булеварот „Видое Смилевски-Бато“, познат како „Индустриска“ улица, при што се изречени 18 казни.

-За само неколку часа изречени вкупно 18 мерки за пречекорена брзина над 30 километри, и имало и такви кои возеле над 50 километри на час, информира портпаролот Марјан Јосифоски.

И 
во средата тетовската полиција при локална контрола за брзина откри и санкционираше вкупно осум возила кои ја пречекориле максимално дозволената брзина на оваа улица.  И во наредниот период се предвидени вакви контроли на булеварот.

До засилените контроли доаѓа по барање на граѓаните откако шест годишно девојче го изгуби животот како пешак на 13 јануари. Во понеделникот се одржа и протест. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија