вторник, 18. јуни 2019. Вести денес: 46
home Општини

Изложба на олдтајмери во Охрид, најстариот експонат од 1923-та година (ВИДЕО)

Изложба на олдтајмери во Охрид, најстариот експонат од 1923-та година (ВИДЕО)

Во Охрид на паркингот од хотелот Unique Resort & Spa Изложба на олдтајмери. Станува збор за рели на Група туристи пасионирани љубители на ојдтајмери од Холандија, информира порталот Охрид1.

„Рели Адриатик“, како што е насловено ова рели пред да дојде кај нас биле во Хрватска, Црна Гора и Албанија. Релито тргнало од Трст, Италија па преку Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија и Македонија продолжува во Грција, од каде од пристаништето Игуменица повторно ќе се вратат во Италија, во пристаништето Анкона.

Пред хотелот  Unique, исложени се вкупно 36 модели на автомобили. Најстарите експонати се два автомобили од 1923 год.  Станува збор за автомобил Бентли Суперспорт.

Останатите експонати се од 1924, 1929, 1931. 1936 …

Видеото објавено од Охрид 1 ви го пренесуваме во продолжение: