сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 92
home Општини

Излезноста во Крива Паланка до 13 часот е 35,13 проценти

Излезноста во Крива Паланка до 13 часот е 35,13 проценти

Излезноста на граѓаните во Крива Паланка до 13 часот изнесува 35.13 отсто и е највисока на територијата на целата држава.

-Во Општина Крива Паланка право на глас имаат 16.894 граѓани, а до тринаесет часот своето граѓанско право го искористиле 5813 граѓани, информира претседателката на општинската изборна комисија Крива Паланка, Моника Костова.

Поради големата излезеност, а воведениот отпечаток од прст при гласањето, на некои избирачки места има гужва и редици.

– Редици има пред дел од избирачките места поради големиот број граѓани кои излегуваат на гласање, а се спроведуваат согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Инаку, застој во гласањето,прекини или прекршувања на законот, нема, додаде Костова.

И во останатите општини од Североисточниот дел на државата, Ранковце и Кратово непречено се одвива гласањето.

Во Кратово исто така има висок процент излезеност на граѓаните и до 13 часот изнесува 30.81 отсто, каде од вкупниот број 7862 гласачи, гласале 2367.

Во Ранковце до 13 часот излезноста изнесува 34.30 отсто, а од 3014 граѓани со право на глас,гласале 1032.

Коронавирус