сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 47
home Општини

Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта

Изградба на нови мултифункционални спортски игралишта во Велгошти и Видобишта

Во периодот што следува сакаме да придонесеме децата – нашата иднина, да имаат вистински можности за правилен раст и развој. Целта ни е да ги активираме младите, да ги поттикнеме да се дружат и да развиваат здрави навики. Јасно ни е дека децата мора да имаат простор каде што ќе можат да уживаат во безгрижно детство и затоа се определуваме децата да добијат повеќенаменски и спортски игралишта, истакна Перчо Божиновски, шеф на центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.

-Од таа причина, во село Велгошти до спортската сала, и во населбата Видобишта на постоечкото спортско игралиште, се планира изградба на нови мултифункционални игралишта со професионална подлога. По барање, пак, на граѓаните во согласност со нивните потреби, исти такви ќе бидат поставени и на уште на две локации. Заокружи 7 за голема победа на Д-р Кирил Пецаков! На 31 октомври Охрид добива ВИСТИНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК кој гарантира нова и светла иднина!

Коронавирус