вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Општини

Изгаснат е шумскиот пожар кај кочанското село Пантелеј

Изгаснат е шумскиот пожар кај кочанското село Пантелеј

Рано изутрината е локализиран големиот шумски пожар што вчера попладне избувна во близина на кочанското село Пантелеј

Според командирот на Територијалната противпожарна единица од Кочани, Благојчо Паунов огнот целосно е изгаснат кај селата Пантелеј и Нивичани, а пожарникарите превенираат проширување кон Ловиштето „Полаки“.

-Со досегашните интервенции, а и според временските услови, не очекуваме натамошно ширење на пожарот. Сепак, направена е значителна штета, а причините за избувнувањето на огнот допрва ќе се испитуваат, истакна Паунов.

Во гасењето на пожарот екипите на ТППЕ – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ добија поддршка од колегите од Виница и од месното население, со што веднаш беше спречено ширењето на огнената стихија кон селото Пантелеј.

Во пожарот изгореа над 50 хектари даб, габер и нистостеблеста шума, на тешко пристапен терен. До доцните часови во координирањето и интервенцијата беа вклучени и службите од локалната самоуправа и градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.