сабота, 18. септември 2021. Вести денес: 64
home Општини

Избувна пожар на отворено кај струмичкото село Костурино

Избувна пожар на отворено кај струмичкото село Костурино

На патот Струмица-Валандово, пред влезот во селото Костурино, пред малку избувна пожар на отворено.

Според очевидци, зафатена е поголема површина со нискостеблеста површина, а огнот се шири со голема брзина кон шумата.

Од Територијалната противпожарна единица Струмица потврдија дека избувнал пожар во непосредна близина на селото Костурино од десната страна на патот.

Командирот на струмичките пожарникари, Александар Гудев информира дека две возила со осум пожарникари се упатиле на местото на пожарот.

МИА

Коронавирус