вторник, 22. мај 2018. Вести денес: 0
home Општини

Искршени клупи во градскиот парк во Кавадарци

Искршени клупи во градскиот парк во Кавадарци

Несовесни граѓани искршиле клупи во градскиот парк во Кавадарци. Од Јавното претпријатие „Комуналец”, денеска реагираа поради несериозноста на поединци, кога е во прашање грижата за урбаната опрема и хигиената во еден од најубавите паркови во Македонија.

– Искршените клупи за седење и отпадот расфрлан насекаде, иако постојат доволно корпи за отпадоци низ целиот парк, јасно говорат за какво хулиганско однесување станува збор, велат од комуналното претпријатие.

Оттаму уште еднаш повикаа надлежните да преземат мерки и да ги фатат и казнат виновниците кои прават неред во градот, кршат и палат контејнери, кршат урбана опрема и млади дрвца и расфрлаат отпад наоколу.