петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 152
home Општини

Искршени двојазични табли на повеќе државни институции во Прилеп (ФОТО)

Искршени двојазични табли на повеќе државни институции во Прилеп (ФОТО)

Непознати сторители ноќеска ги искршиле двојазичните табли во двата влеза на зградата во која се сместени подрачните единици и канцелариите на повеќе државни институции, пренесе ПУБЛИКУМ.

Искршени се таблите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравство како и таблата на Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

-Вандалите не ги поштедиле ниту двојазичните табли поставени во другиот влез од објектот, во кој се сместени канцелариите на УЈП – Регионална дирекција Прилеп, Централен регистар, Инспекторатот на Агенцијата за храна и ветеринарство и Инспекторат за земјоделие. Освен таблите, сторителите го искршиле и стаклото од влезната врата, пишува порталот.

Вандалскиот чин е пријавен во полиција, после што екипи на ОВР Прилеп извршиле увид на местото на настанот.

Коронавирус