недела, 22. јули 2018. Вести денес: 60
home Општини

Исчистени девет диви депонии во Кавадарци

Исчистени девет диви депонии во Кавадарци

Исчистени се девет диви депонии во градот Кавадарци, изнесени се пет илјади кубни метри смет.

Јован Ристов, раководител на Работната единица за хигиена и зеленило при ЈП „Комуналец”, информира дека во изминатиот период се стави крај на  дивите депонии на улицата „Клинска” и кај спојот на улиците „Блажо Алексов” и „Ѓорѓи Соколов”, близу Белка зградите. Се чистеше и кај тениското игралиште на „Северен булевар”, но и на улицата „Ресавска”-запад.

Комуналните работници дејствуваа и на „Западен булевар”, под гробиштата, на улицата „Сутјеска”, како и на улицата „Рајко Жинзифов”, кај детските реквизити на „Голи оток”.

Исчистен е и нелегално оставениот смет  во месноста “Коњски дупки”, на улиците „Црноречка” и „Ѓоре Брушански”. Отстранет е и дивиот отпад од кејот на реката Луда Мара во Ваташа, како и од мостот на улицата „Видео Смилевски”.

– Нашите секојдневни активности покрај другото, опфаќаат и редовна грижа за хигиената во општината. Така ќе продолжиме и во иднина. Се со цел еколошка животна средина, нагласува Ристов.