вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 87
home Општини

Интензивни активности за водовод и канализација во Кавадарци

Интензивни активности за водовод и канализација во Кавадарци

Интензивни водоводни и канализациски активности се одвиваат во Кавадарци. Почна реконструкцијата на фекалната и атмосферска канализација на улицата „4 Јули“.

– Завршивме со реконструкција и на улицата „Клинска“. Се продолжува со поврзување на корисниците на Западен булевар на нова водоводна линија и со реконструкција на фекална и атмосферска канализација на улицата „Брушанска“. Секојдневно се вршат интервенции на фекалната мрежа во градот и околните села, изјави раководителот на организациската единица за водовод и канализација при Јавното претпријатие „Комуналец“ Бојан Атанасов.

Тој додаде дека се изведуваат нови приклучоци за наводнување на зелените површини во градот, почна изведбата на нови решетки на улицата „Методија Џунов-Џикот“, а продолжува и чистењето на наполнетите сливници.

МИА

Коронавирус