вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 42
home Општини

Интензивна комунална изградба во Кавадарци

Интензивна комунална изградба во Кавадарци

Општина Кавадарци реализира интензивна комунална изградба, информираа денеска од Службата за односи со јавноста при локалната самоуправа.

– Во рамките на проектот за обновување на дотраениот и оштетен асфалт на неколку улици, извршено е поставување на нова асфалтна подлога на дел од улицата „Рајко Жинзифов“.

Се работи за поставување нов асфалт на површина од 1.500 квадратни метри и тоа на делот од спојот со улица „Шишка“ во должина од 260 метри. Се асфалтираше и делница од улицата „Дисанска“. Согласно проектот, се постави нов слој асфалт на површина од 1.350 квадратни метри, со што се обнови дел од оваа улица. Претходно беше извршено гребење на стариот и оштетен асфалт. На оваа локација Општината инвестираше пари од буџетот за изградба на тротоарска делница, велат од Службата за информирање.

Извршено е асфалтирање и на улицата „Струшка“ со целосно нов слој на површина од 1.340 квадратни метри.

Со ревитализација е опфатен делот од спојот со улица „Киро Крстев“, до спојот со улицата „Методи Џунов-Џико“. Од сметката за комунална изградба општината инвестира 2.100.000 денари. Се реконструираше и една улица во селото Марена.

– Општина Кавадарци во рамките на програмата за изградба на детски забавни игралишта, успешно релизираше уште еден проект. Поставени се реквизити во новото забавно игралиште кое се наоѓа во Паркот на Револуцијата наспроти Полицијата. Со овој нов детски забавен парк, Општината обезбеди уште едно катче за забава на децата од Кавадарци. Станува збор за локација која е една од најпосетените за одмор од страна на граѓаните, информираат од општинската прес служба. 

Коронавирус