вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 0
home Општини

„Илинден 2019“ – jубилејна дваесетта литературна манифестација

„Илинден 2019“ – jубилејна дваесетта литературна манифестација

„Илинден 2019“ е насловена литературната манифестација, која се одбележува во општината Илинден од 14 до 18 мај годинава, a има цел да ги промовира современите културни достигнувања. Манифестацијата се одржува по јубилеен 20-ти пат, а свеченото отворање е закажано за вторник во 19 часот, во домот на културата „Илинден“. Централниот настан, поетскиот митинг „Стихови за душата“, на кој ќе настапат над 30 поети од десетина држави, ќе се одржи на 17 мај исто така со почеток во 19 часот. На оваа престижна манифестација, која најде почесно место во календарот на македонските културни случувања, ќе се одржат повеќе културни настани, портрети и промоции на книги на реномирани писатели, како и млади автори, чествувања, изложба, литературно матине за деца со настап на 15 писатели за деца и млади, како и музички колажи со познати музички ѕвезди.

Општината Илинден стана препознатлива по оваа манифестација, а годинава исто така во Домот на културата под мотото „Денови на книгата“ ќе се одржи саем на книгата, каде што љубителите на пишаниот збор ќе можат да се запознаат со најновите изданија и да најдат богат избор на книги.

– Уште првата вечер љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да бидат дел од промоцијата на „Бели мугри“ од Кочо Рацин на десет словенски јазици. Ќе одекнат стиховите на Рацин, кој со „Бели мугри“ ѝ го отвори патот на современата македонска литература и стана еден од основоположниците на современата македонска книжевност. На манифестацијата ќе биде промовирана книгата „Мартин Крпан – дипломат и воин“ од проф. д-р Милан Јазбец, објавена на македонски, албански и руски јазик, ќе има промоција на антологијата „Десет унгарски поети“ во избор и препев на Паскал Гилевски, промоција на романот „Венецијанска бајка“ на писателот од Хрватска, Марко Павловски, потоа промоции на книги од млади автори, чествување за академиците Матеја Матевски и Гане Тодоровски, по повод 90-годишнината од нивното раѓање, и ред други настани – информираат од општината Илинден.